РАКОМЕТ

ЖРК ВАРДАР ТРИУМФИРАШЕ НАД БУДУЌНОСТ ВО ПОДГОРИЦА

29 January, 2017 - 21:53

Ракометарките на Вардар ја освоија тврдината на Будуќност.Во осмиот меѓусебен  натпревар во ЛШ со познатиот  ривал,македонските првенки за прв пат славеа во Подгорица и го урнаа митот за непобедливост на црногорскиот состав во салата Морача со финални 28-31.

 

Во старното коло од главната фаза во ЛШ,македонските првенки ја продолжија блескавата серија сезонава.На пат кон третиот триумф над Будуќност,скопксиот состав одигра во манир на искусна екипа, фаворит за највисок пласман.Вардарки имаа пет голови предност во првото полувреме.Будуќност се враќаше во игра.Поранешниот Европски првак избори 16-16 на паузата.Завршниот удар македонската екипа го зададе во финишот , обезбедувајки залиха од 4 голови со конечни  28-31за потврда  на 1.место во новата група. Најефикасна во составот на Вардар беше Андреа Пенезиќ со осум гола, Андреа Лекиќ постигна седум, а Александра Лакрабер заврши со пет погодоци.На 4-фервуари,ЖРК Вардар го пречекува Мец. 

Веста е прочитана 980 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.