БОКС

ЗЛАТЕН ГОНГ ПО 45.ПАТ

11 November, 2015 - 15:40

Од утре до недела Скопје ќе биде домаќин на традиционалниот боксерски турнир „Златен Гонг“ со кој се одбележува празникот на градот 13 Ноември.

- Една од најстарите традиционални спортски  манифестации во Република Македонија, меѓународниот боксерски турнир „Златен Гонг“ годинава по 45-ти пат ќе се одржи во Скопје. Ова манифестација веќе е врвен спортски бренд и ја промовира Македонија низ светот оставајќи белег во спортот. Од почетокот на првиот „Златен Гонг“ во далечната 1969 година па се до денес, на рингот продефилираа многу светски боксерски имиња, почнувајќи од легендарниот Мате Парлов, па се до првиот освојувач Звонимир Вуин, македонските боксерски легенди Реџеп Реџеповски, Мухамед Алија, Азис Салиху, Примислав Димовски, Вели Мумин, Аце Русевски и многу други боксери од велесилите во овој спорт како што се Куба, Русија, Италија Бугарија, Србија, изјави Марјан Спасески директор на АМС.

На годинашното издание од „Златниот Гонг“ досега своето учество го потврдија 46 боксери од девет европски држави.

Македонската селекција ќе ја сочинуваат пет натпреварувачи:Исак Сулејман, Идриз Бислими, Јасин Љама, Осман Демиров и Гоце Јанески.

Борбите ќе се одвиваат во малата сала од СЦ „Борис Трајковски“.

Веста е прочитана 260 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.