11 судии кои одлучуваа за притворите на Грујевски и Бошковски викнати во Советот за факти

6 November, 2017 - 15:23

Тројцата судии од Кривичниот суд кои одлучуваа за притворите на Грујевски и Бошковски се првите кои се повикани во Советот за утврдување на факти, за да одговорат обвинувањата дека со своите одлуки им овозможиле на обвинетите да избегаат. Од советот за Телма потврдија дека од оваа среда, па се до крајот на наредната недела, Советот планира да ги сослуша сите 11 судии, од Основен па се до Врховен суд, кои добија претставки за несовесно работење од здружението „Зелена Лупа“. Претседателот на Советот, Сашо Поцевски во телефоснки разговор за Телма рече дека основните и апелационите судии ги подигнале поканите испратени преку препорачана пошта, но не и од Врховниот суд за кој Советот и претходно се жалеше дека наидува на затворени врати.

Вангеловски заработи кривична пријава од Советот затоа што во септември не им дозволил увид во предметот „Тврдина Таргет“ во Врховен, но Скопското обвинителство деновиве ја отфрлило пријавата за несовесно работење, вели Поцевски.

Доколку судиите не се појават во планирнаите термини, членовите на Советот ќе ги читаат нивините писмени изјави, кои ги доставиле претходно и во кои даваат одговор на претставката против нив, потврдија од обвинителството за Телма.

Откако ќе заврши и овој дел од постапката Советот ќе донесе одлука за секој судија поединечна, дали ќе ја запре постапката или пак ќе му предолжи на Судскиот совет да утврдува нивна одговорност.

Според препораките на Прибе се подготвува укинување на ова тело составено од пензионирани правници кое испитува одговорност кај судиите, но Поцевски вели до последен ден ќе ја вршат својата работа. Не може да седиме со скрстени раце, мора да си ја заработиме платата, вели Поцевски.

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 4609 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.