Адел го заборави текстот на песната и опсу

27 May, 2016 - 12:55

Славната пејачка Адел на својата европска турнеја често прави иненадувачки и неочекувани потези за нејзините фанови.

Така, и на концертот во Лисабон, кога пејачката го заборави текстот на песната, опсу пред илјадници луѓе.

Таа, на почетокот на втората строфа на големиот хит „Rolling in the deep“ целосно го заборави текстот, по што опсу, ја прекина песната и одлучи да почне да ја пее од почеток.

Фановите, како и обично, овој потег го проследија со овации.

 

 

Веста е прочитана 413 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.