Албанија со закон призна девет малцинства, меѓу кои и македонското и бугарското

14 October, 2017 - 13:10

Албанскиот Парламент по повеќечасовна расправа синоќа го усвои Законот за заштита на малцинствата. Предлот-законот го подржаа 102 пратеника, 10 беа против и еден возржан.

Со усвоениот закон, за разлика од првичната верзија, со која се признаваа осум национални малцинства Македонци, Власи, Грци, Египќани, Срби, Бошњаци, Црногорци и Роми, внесено е постоењето и на бугарско национално малциснтво.

Претседателот на македонското друштво „Илинден“,Никола Ѓурѓај, за МИА изјавил дека е незадоволен од ваквиот однос на албанските власти.

„Албанските власти се свесни дека грешат, но потклекнаа пред заканите на Бугарија за ставање вето за започнување на преговорите за членство со ЕУ. Во Албанија, според сите пописи на населението, немало бугарско малцинство. Баравме од пратениците да не се прфаќа, зашто тоа не е во интерес само на македонското малцинство туку исто така е национален интерес на Албанија да не го прифаќа имагинарното бугарско малцинство, бидејќи утре последиците ќе бидат многу сериозни за Албанија, бидејќи за се нешто ќе биде уценувана од Бугарија. Но ете се случи и тоа на што најмалку очекувавме. Ова е геноциц врз Македонците и деформација на историјата и  на вистината пред очите на Европа“, оценува Ѓурѓај.

И друштвото, но и единствената македонска партија, МАЕИ, остро реагираа и бараа да не се прзинава бугарско малцинство, зашто, како што истакнуваат, во Албанија единствено живеат Македонци, а не Бугари.

Неодамна шефот на дипломатијата Дитмир Бушати го отфрли барањето за признавање бугарско малцинство во неговата земја, велејќи дека ова поглавје е завршено и оти поседувањето пасош на друга држава не значи и етнички идентитет.

„Многу Албанци имаат италјански пасоши. Тоа не значи дека Италија треба да бара свое национално малцинство во Албанија“, рече Бушати.

Веста е прочитана 547 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.