Американски бомбардери првпат одржаа ноќни воени вежби над Корејскиот Полуостров

11 October, 2017 - 11:23

Американски бомбардери Б-1Б заедно со јапонски и јужнокорејски авиони-ловци првпат одржаа ноќни воени вежби над Корејскиот Полуостров, што претставува нова демонстрација на сила во момент кога се зголемени тензиите со Пјонгјанг поради неговата ракетна и нуклеарна програма.

Јужнокорејски и американски воени претставници соопштија дека во маневрите учествувале два бомбардера Б-1Б, кои излетале од американската воена база на островот Гуам во Тихиот Океан, на кој севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му се закани со ракатен напад, се наведува во соопштението на американските ВСС.

Авионите извршија мисија во реонот на Јапонско Море, покажувајќи на тој начин дека САД секогаш се подготвени да ја заштитат својата територија и решително да дејствуваат со Јапонија и Јужна Кореја за гарантирање на безбедноста и стабилноста, се додава во соопштението.

Бомбардерите Б-1Б се способни да прелетаат од Гуам до Пјонгјанг за помалку од три часови. 

Веста е прочитана 582 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.