Анкета на Телма: Три недели пред изборите ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 4,8 процентни поени

25 November, 2016 - 21:44

ВМРО-ДПМНЕ води со 4,8 процентни поени СДСМ покажа анкетата на Телма  спроведена на репрезантивен примеро од 1.000 испитаници од 6 до 20 ноември. Според истражувањето доколку утре се оджат избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,7 проценти, за СДСМ 18,9, за ДУИ 6,2 проценти и за ДПА 3,3. Сивата зона на неопределените и оние кои одбиле да кажат за кого ќе гласаат изнесува 33 проценти.

Анкетата на Телма покажа и дека низ призма на етничката припадност на гласачите, решеноста да не излезе на избори е повисока кај албанската заедница 14,3 проценти.  Македонците во поголема мера би гласале за ВМРО –ДПМНЕ 31,6% од колку за СДСМ 23,1%. Но етничката сруктура открива интересен подаказател , а тоа е дека СДСМ успева да привлече околу 6 проценти гласови од етничките Албанци.

За тоа која партија од која социјална категорија ја црпи својата поддршка податовите покажаа дека ВМРО ДПМНЕ значително повеќе го поддржуваат вработените во јавниот сектор – 37.9 проценти, наспроти приватниот каде таа поддршка е 17,8 процентни поени. Владејачката партија има и значително поголема поддршка од пензионерите (36.8 посто во споредба со СДСМ (19,8. Додека, пак невработените се рамномерно распределени во поддршката кон главните политичките партии и ниту една партија не ужива поголема поддршката кај оваа гласачко тело. 

Истражувањетого спроведоно од Институт за демократија Социетас Цивилис и МЦМС во соработка со телевизија Телма беше на тема: Јавното мислење за рејтинзите на политичките апртии во пресрет на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Мирко Трајановски

Веста е прочитана 747 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.