Аукција на прамен од косата на Мерилин Монро

22 July, 2016 - 11:04

Прамен од косата на Мерилин Монро ќе биде понуден на аукција во Лос Анџелес, објави магазинот „Пипл“.

Наддавњето ќе го спроведе аукциската куќа „Џулиенс Аукшнс“, која очекува праменот од косата на Мерилин Монро да биде продаден за цена меѓу 6.000 и 8.000 долари.

Праменот што сега ќе биде понуден на продажба, го чувала пријателката на Мерилин, Фрида Хал, која почина во 2014 година.

Освен праменот, на иста аукција ќе бидат понудени и филмски комстими, писма и лични предмети на Мерилин Монро.

 

Веста е прочитана 414 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.