Авионски карти од од 100.000 денари

18 September, 2017 - 17:48

Начинот на кој биле употребувани државните пари од страна на одборот  за акредитација кој владата кој владата го разреши пред неколку месеци е полн со нелогичности. Проверките покажале дека  огромни суми биле трошени за авионски карти за тогашниот претседател на одборот  Горазд Росоклија кој е професор во САД.  Со цел да се озвозможи надомест за авионски превоз, во правилникот  врз основа на кој се вршеле исплати  биле направени  неколку измени.

Предмет на проверка е  и  начинот на кој се вршеле исплатите во рамките на одборот . Висината на платите  на  неговите 11 члена во изминатиот период беше предмет на критика на јавноста. Законот дозволуваше нето платата на членовите кои ја вршат функцијата професионално да изнесува 7 ипол просечни плати , односно 160 000 денари, а на оние кои не ја вршат фукцијата професионално  три и пол просечни плати или 75 000 денари. . Според министерката Дескоска има многу симтопматични работи во начинот на кој се вршеле исплатите во рамките на одборот

Поранешниот претседател на одборот професорот Горазд Росоклија ги отрфла овие обвинувања како невистинити. Примањата на секој член  зависеле од тоа во колку комисии бил вклучен , а одлучувачки биле неговата професија и специјалност. При правењето комисии се залагавме членовите на одборот да бидат најјамномерно застапени, вели Росоклија. Се дистанцира и од тврдењата за одлевање огромни износи за патни трошоци.

„Од десетина мои доаѓања во Македонија, МОН има купено 4 карти, останатите ги купив јас. Иако како на функционер ми следува бизнис класа, со која летаат сите македонски фунционери, кога ја слушнав цената на картите побарав да летам со економска класа.КАртите кои ги купува МОН се преку владина агенција од туристичка агенција.Одборот не може да влијае врз цената по која е картата купена“.

Новиот закон за високо образование  кој  се подготвува предвидува неколку измени во делот на работата на одборот за акредитација. Правилникот врз кој се вршат исплати  во иднина не смее да дозволи ситуации патниот  превоз да чини повеќе од придонесот на членовите во вкупната работа. Ќе има промени и во критериумите врз основа на кои се акредитираат одередни студиски програми и универзитети. НЕ може вели Дескоска, тие да можат да се отворат само затоа што на пример задоволуваат неколку услови, како на пример просторните. Во насока на потребата од поквалитетно високо образование, ќе бидат зајакнати надлежностите, но и одговорноста на членовите на одборот.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 7119 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.