Аврамовски ќе раководи со работната група за следењето на комуникациите

1 November, 2017 - 11:16

Владата на Република Македонија на денешната 34 седница донесе одлука за формирање работна група за изготвување и следење на имплементацијата на Планот за реализација на препораките на експертиte за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите, од 2015 година, соопшти владината прес-служба.

За претседател на работната група е именуван Силјан Аврамовски, како претставник од Министерство за внатрешни работи, а групата е составена од 29 членови, вклучувајки претставници на министерства, на Собранието на РМ, на правосудството, на Народниот правобранител, како и на членови од академско-научната дејност.

Веста е прочитана 323 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.