Барање до стечајниот управник на Фени да обезбеди услови за непречен увид во имотот на допжникот

21 November, 2017 - 11:16

Трите банки предлагачи на стечајната постака за Фени Индустри АД Кавадарци испратија писмо до привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски во кое го информираат дека стапиле во разговори со заинтересирани инвеститори кои сакаат да се јават како санатори со цел да се продолжи работењето на металуршкиот комбинат по отворање на стечајната постапка.

- Со цел да не се врши непотребно одолговлекување на активностите, кумулирање на трошоците кои банките ги авансираат за да се спречи настанување на ненадоместлива штета со намалување на вредноста на имотот на должникот, како и рестартирање на работењето на должникот во најбрз можен рок, како на привремен стечаен управник Ви се обраќаме со цел без одлагање да ги обезбедите сите потребни услови за непречен увид во имотот на допжникот на заинтересираните инвеститори, се вели во писмото од Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје.

Се прецизира дека посетата на Фени од страна на заинтересираните инвеститори заедно со претставници на банките ќе ја извршат во периодот од 22. до 29 ноември годинава.

- Ве информираме дека секое непостапување или одлагање на постапување по нашето барање, нанесува штета во поглед на изнаоѓање санатори за брзо рестартирање на работењето на Фени Индустри АД Кавадарци, што повлекува соодветна одгворност, се потенцира во писмото од банките.

Фени Индустри АД Кавадарци има долгови од околу 60 милиони евра од кои 40 им должи на трите банки, а останатите на повеќе други помали доверители.

Веста е прочитана 467 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.