Берлин: Ништо не должиме на НАТО

19 March, 2017 - 16:32

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија и должи на НАТО Алијансата и на САД огромна сума на пари за одбрана.  Таа во своето соопштение вели дека не постои долг кон Нато алијансата. Парите за одбраната се вложуваат во мировни мисии на ОН, во нашите европски мисии и во заедничката борба против Исламска држава, наведува министерката. Според нејзините спорови, сите сакаат товарот да се дели рамноправно, а за тоа да се случи, потребно е да се направи модерен безбедносен концепт кој би вклучил и модернизација на Нато, но и на одбранбениот систем на ЕУ.

Трамп вчера напиша на својот твитер налог дека германија и должи огромна сума на пари на нато и на америка за одбраната која и ја овозможуваат. 

Веста е прочитана 1754 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.