Без „Бомби“ да се докажува вината на Канческа - Милевска обвинета за местење тендери

1 November, 2017 - 16:20

5-тте аудио „бомби“ со кои СЈО ја обвинува кои поранешната министерка за култура Елизабета Канческа - Милевска дека договарала тендери според нејзините адвокати е кршење на правото на приватност. Пред Апелациониот суд, одбраната и СЈО ги спротиставија аргументите, за и против прислушувани материјали да бидат доказ, откако Кривичниот суд ги издвои за случајот „Тендери“,а СЈО обжали до Апелација. Главниот аргумент на СЈО во жалбата е дека решението на Кривичниот суд е нејасно, противправно и донесено три месеци откако судот ги ислушал доказите ,за потоа да одлучи по предлог на адвокатите. Обвинителот на СЈО, Стефчо Донев не се сложи со адвокатите на Канческа - Милевска дека и е наруешено правото на приватност наспроти јавниот интерес.  

„Секако дека е од јавен интерес граѓаните да знаат како вработените во министерствата ги трошеле нивните пари. Многу поголемо од приватноста е тоа што во содржината на овие снимки постои разговор во кој министерката за култура разговара за службени работи и незаконски договара тендери“, рече на јавната седница специјалниот обвинител Донев.

Елизабета КАнческа - Милевска не дојде на јавната седница да ги чуе аргументите против „бомбите - докази“, додека нејзината одбрана го напаѓаше специјалното обвнителство дека снимките требало да бидат основа за истражување на криминал, а не доказ со кој се крши законот за кривична постапка, законот за следење на комуникации и неколку членови од уставот.

Расправата пред апелационите судии Љиљана Ивановска Шопова, Јаани Нича и Африм Фидани се вжешти откако адвокатот на Никола Груевски, Боро Тасевски рече дека прислушуваните материјали ги направиле физички лица во МВР и УБК, спротивно од одбраната во случајот „Таргет –Тврдина“ за неговиот клиент Никола Груевски дека прислушувале „странски служби“ со жолти комбиња.

Седницата ќе траше подолго од предвиденото доколку судијката Љиљана Ивановска Шопова не ги прекина  двете странки дека расправата е исцрпена, времето истрошено, а последната  ќе одлучи Апелација дали ќе ја прифати жалбата на СЈО и ќе ги врати 5-тте „бомби“ – докази во предметот, или ќе ја одбие жалбата. Кривичниот суд за 11 случаи на СЈО ги издвои бомбите како докази, Апелација ги врати за „Шамарите за Центар“ и за „Триста“,  за 24 часа ќе донесе одлука за „Тендери“, а  во петок закажа да одлучува за уште две жалби на СЈО.

Павле Беловски

Веста е прочитана 7645 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.