Бијонсе „собра“ најмногу Ем-Ти-Ви номинации

28 July, 2016 - 10:34

Бијонсе со нејзиниот последен албум „Лимонада“ е номинира во 11 категории за овогодишните Ем-Ти-Ви награди, со што се најде на првото место на листата според бројот на номинации.

Со овој свој автобиграфски албум, Бијосне се приближи до апсолутниот рекорд на сите времиња што ги постави Лејди Гага во 2010 година, кога доби 13 номинации, јави Би-Би-Си.

Бијонсе со најновиот албум се прикажа како жена која минува низ неколку фази на болка, поаѓајќи до прифаќање на фактот дека сопругот и бил неверен и поставувајќи ја ситуацијата во контекст на афроамериканска култура.

Веднаш зад Бијонсе по бројот на номнации е Адел, која е номинирана во седум категории за награди.

Кање Вест, кој важи за фаворит за наградата најдобар спот за видеото за песната „Famous“, доби две номинации.

Исто така, меѓу номинираните за Ем-Ти-Ви наградите се и Ријана, Сиа, Аријана Гранде, Келвин Харис и Џастин Бибер.

Поп пејачот Ник Џонсон, оваа година не доби ниту една номинација и по тој повод јавно го изрази своето незадоволство.

- Нема до дозволам оваа работа да ме измести од колосек. Се чувствувам инспиративно и благодарно овие денови. Нема да се фокусирам на ситници, напиша тој на социјалната мрежа Твитер.

Доделувањето на Ем-Ти-Ви наградите ќе се оддржи на 28 август во Њујорк. 

Веста е прочитана 398 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.