Битолчанец ја убил сопругата со сукало

14 March, 2017 - 16:47

53 годишен битолчанец  е осомничен за свирепо убиство на својата 47 годишна сопруга, што се случи вчераутро во нивниот семеен стан во Битола. Со сукало и нанел смртоносни повреди на главата, по што околу 10 часот вчера пријавил во полиција дека по неговото кратко отсуство од дома, ја пронашол сопругата падната на подот во дневната соба облеана во крв, без знаци на живот. Сепак по извршениот увид на полицијата и обвинителството, доказите упатуваат дека убиството го извршил сопругот.

-Од страна на крим техника не се констатирани траги на насилно влегување во станот, притоа подигнати се и испратени на вештачење повеќе предмети и траги, како и комплетната облека на пријавениот на која се забележани траги на крв во долниот дел на облеката, кои упатуваат и оставаат сомнеж дека пријавениот е можен извршител на делото, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола. 

Полицијата констатирала  дека станот не бил пребаруван, а таму  биле и сите вредни предмети  во сопственост на сопружниците. За време на убиството, дома била и нивната 4 годишна ќерка.

Од обвинителството информираат дека сопружниците имале претходно нарушени меѓусебни односи. Телотото на починатата е предадено на обдукција, а на нејзиниот сопруг му е поднесена кривична пријава за убиство и со барање за притвор е предаден на истражен судија. 

Емилија Мисирлиевски

 

Веста е прочитана 67092 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.