Бродот „Мис Стон“ извлечен од Охридското езеро

21 November, 2017 - 11:11

Бродот „Мис Стон“, кој делумно беше потонат во каналот Студенчишта и од кој се излеаја 30 литри нафта синоќа е извчен од водите на Охридското езеро.

Со помош на брод и дигалка од Хидробиолошкиот завод бродот беше исправен и прицврстен во близина на хангарот од Хидробиолошкиот завод. Се очекува во наредните денови бродот да се дислоцира  од каналот. Во зафатот учествуваше и екипа на ЈП „Нискоградба“, која со пумпи претходно ја отстрани водата од внатрешноста на бродот.

Капетанијата на пристаништата во Охрид  најави дека против сопственикот на бродот „Мис Стон“ ќе биде покрената соодветна постапка.

Роднина на сопственикот на „Мис Стон“ тврди дека еколошкиот инцидент во каналот Студенчишта во кој се влеваат Билјанините извори, е предизвикан од нестручно поместување на бродот од страна на непознат сторител, при што тој бил оштетен, за што ќе биде покрената соодветна постапка за утврдување одговорност.

Веста е прочитана 1241 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.