Буџетот за 2018 е домаќински и развоен, тврди премиерот

10 November, 2017 - 15:46

Направивме и домаќински и развоен буџет, кој ќе насочи повеќе пари кон економијата, граѓаните и нивното здравје. Премиерот Зоран Заев кој денеска лично пред јавноста го бранеше предложениот буџет за 2018, откако вчера беше усвоен на владина седница и доставен до Собранието, вели дека со буџетот, кој базира на реални проекции, ќе се обезбеди финансиска и економска стабилизација на земјата, а ќе има пари за непречена исплата на платите, пензиите и за финансиска стабилизација. Економијата ќе се развива преку капиталните инвестиции, но ќе има и за директна поддршка кон компаниите.

Зголемени се средствата за здравствена заштита, како и платите во здравството, образованието и нови вработувања во градинките, сите вработени во Армискиот состав ќе добијат за 10 отсто повисоки плати, Заев вели доближувањето до НАТО ќе значи влез на сериозни странски инвеститори. Во буџетот ќе има и 10 милиони денари за спомен обележјето на Тоше Проесски во Крушево.

Владата ги крати непродуктивните трошоци, пред да реализираат било каква јавна набавка, државните и јавните институции договорите ќе мораат да ги објават на нивните веб страници.

За гасификација в  година се предвидени 36 милиони евра или 5 милиони евра повеќе од лани.

И покрај бројните критики за акцизата, Владата не отстапува од планот за нејзино зголемување. Транспортерите доставија барање за нејзино рефундирање, а земјоделците да се преиспита намерата, Заев вели, таа нема да биде голем удар.

Буџетот тежи 3,44 милијарди евра. Буџетскиот дефицит од 2,7 отсто од БДП ќе се финансира преку задолжување, за еврообврзница ќе се следат состојбите на пазарот и ако се поволни, таа ќе се издаде. Даночните реформи, односно прогресивниот данок на персоналецот и промените кај данокот на добивка, за која премиеропт вели дека нема да значи зголемување на стапката, се планирани од 2019 година.

Нина Нинеска-Фиданоска

Веста е прочитана 1059 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.