Бугарија најавува намалени цени на роамингот со Македонија

2 November, 2017 - 11:40

Во следните неколку месеци ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за намалување на цените во роамингот за земјите од Западен Балкан, најави денеска бугарскиот министер за транспорт, информатички технологии и комуникации Ивајло Московски. Московски учествува на бизнис конференцијата „Логистички хоризонти 2025“ во Софија, каде пред новинарите зборуваше за заложбите и целите на Министерството за транспорт, информатички технологии и комуникации за време на претстојното Претседателство на Бугарија со Советот на ЕУ.

„Не може да имаме цени од шест-седум лева за минута со Македонија, со Босна и Херцегоивина или Србија. Тоа се страшни цени“, изјави министерот Московски, кој посочил дека очекува операторите да потпишат договор до крајот на годината. 

Веста е прочитана 135 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.