Бужаровска: Никој не може да ја минира работата на СЈО

21 April, 2017 - 16:43

Никој не смее да помисли да ја блокира работата на СЈО. Прогласување на докази за недозволиви води кон минирање на мандатот на СЈО вели професорката Гордана Бужаровска, еден од изготвувачите на ЗКП. Таа очекува Врховниот суд да собере сила и да земе соодветен став за тоа дали бомбите може да бидат докази, прашање кое го постави пред судиите престедателот Вангеловски.

Скопска апелација веќе прифати прислушкувани разговори како докази во предметот „Шпион“ потсети обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски, кој очекува сега истиот суд да го има тоа предвид кога ќе решава по нивната жалба на одлуката на Кривичниот суд, кој им ги издвои од доказите двете аудио снимки во предметот против екс премиерот Груевски и други за насилството во Центар.

На Конференцијата организирана од здружението за кривично право, судии, универзитетски професори и адвокати со конкретни примери, посочуваа и западните земји, но и Македонија има многу примери каде прислушувани разговори или снимки без судски налог налог биле прифатени како докази. Врховната судијка Лидија Недлекова мегу другите го наведе случајот на „Големото Уво“ но и предметот со дадилката каде во интерес на малтретираното бебе судот ги прифати овие видоеснимки како докази.

Кога колегите на Неделекова ќе се произнесат по реферати на Вангеловски, се уште нема закажано нов датум, откако пред неколку дена седницата се одложи поради отсуство и боледување на неколкумина судии.

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 3659 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.