Чарли Шин побара и други познати личности да признаат дека се ХИВ позитивни

10 August, 2016 - 12:54

Американскиот актер Чарли Шин во интервју за германското издание на „Плејбој“ ги повика и другите познати личности кои се ХИВ позитивни, да го откријат тоа, како што тој направи минатата година, надевајќи се дека тоа ќе ги промени предрасудите за лицата кои се заразени со овој вирус.

- Би било подобро ако повеќе познати личности во јавноста откријат дека боледуваат од ХИВ. Тоа би помогнало, рече американскиот актер кој неодамна стана портпарол на еден производител на презервативи.

- Постојат многу предрасуди за лицата кои боледуваат од ХИВ, а јас се надевам дека тоа ќе се промени, додаде тој.

Шин, кој е познат по улогите во филмот „Вод“ на Оливер Стоун и во сериајта „Два и пол мажи“, лани во ноември откри дека е ХИВ позитивен. Тој во интревјуто истакнува дека луѓе го застануваат на улица честитајќи му на храброста за тој потег.

Јавноста дозна за болеста на Шин кога американските медиуми објавија дека тој преку телефон и се заканувал на неговата сопруга дека ќе ја убие и во истата аудио снимка признава дека ја лажел за неговата инфицираност со ХИВ вирусот. 

 

 

Веста е прочитана 486 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.