Дармановиќ и Корчок во посета на Скопје

9 November, 2017 - 10:21

Во официјална посета на земјава денеска престојува министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ.

„Во фокусот на дискусиите ќе биде и соработката на планот на ЕУ и НАТО интеграцијата, потребата од инфраструктурно поврзување, а ќе стане збор и за регионалната соработка и заедничката европска иднина“, соопшти МНР.

Државниот секретар и вршител на должноста министер за надворешни и европски работи на Република Словачка Иван Корчок денеска и утре ќе биде во работна посета на Скопје.

На средбата со македонскиот домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како што соопшти МНР, се очекува да бидат разгледани севкупните билатерални односи, евро-атлантската интеграција на Република Македонија, внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите. Ќе бидат разменети и мислења за актуелните регионални и меѓународни прашања.

Веста е прочитана 428 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.