Дедото на Тамара останува во притвор

19 June, 2017 - 17:33

Велешанецот Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, останува во притвор. Кривичниот суд ја одбил жалбата на неговата адвокатка за мерката притвор која му ја определи судот ден откако беше приведен за нападот на ексминистерот за здравство Никола Тодоров. Одбраната бараше мерки на претпазливост пред се поради влошената психичка здравствената состојба на Стојановкси со образложение дека целта може да се постигне и со поблаги мерки.

Според извори од истрагата ќе се врши психијатриско вештачење на Стојановски, но и балистичко вештачње на оружјето од кое пукал во Тодоров. Обвинителството го гони за убиство во обид и недозволено држење оружје. Како што објави МВР на први јуни Стојановски најпрво бил пред домот на Тодоров, но откако не го нашол, на пладне го пречекал пред Министерството за здравство каде требаше да изврши пимопредавање на функцијата со наследникот Таравари.

Тамара Димовска почина пред повеќе од две години чекајќи да добие дозвола од институциите за лекување во странство.

Веста е прочитана 5008 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.