Денеска почнува Егзит

7 July, 2016 - 14:31

Познатиот музички фестивал Егзит почнува денеска и ќе трае четири дена и четири ноќи на Петроварадинската тврдина во Нови САД, а публиката и гостите пристигнуваат во градот на Дунав.

Точно во 19 часот ќе бидат отворени капиите на Егзит фестивлаот преку кои ќе поминуваат секоја вечер, според проценките на организаторите, меѓу 45.000 и 50.000 луѓе од повеќе од 60 држави за да ги следат настапите на повеќе од 700 изведувачи на околу 20 сцени и фестивалски зони.

Оваа година бројот на странски туристи ќе биде поголем за 30 отсто во однос на минатогодишниот Егзит, а кампот на Штранд се повеќе се полни.

Освен гостите од регионот, од Велика Британија и Холандија, оваа година е зголемен на посетители од Грција, Турција, Русија, Полска, Австралија, Франција и Шпанија, гости од Мексико, Аргентина, САД, Канада, Бразил, Јужноафриканската Република, Кина и Јапонија. 

Најавената временска прогноза е поволна и одговара за добра забава и атмофсера во текот на четирите фестивалски денови, затоа што се прогнозира сончево и топло време.

Билетите за Егзит достапни се уште само за публиката во Србија, а одреден број билети ќе бидат достапни и секоја вечер на фестивалските каси на тврдината. 

 

Веста е прочитана 301 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.