Девет години затвор за грабежот во НЛБ Тутунска банка

3 November, 2017 - 15:52

Бобан Смилевски да одлежи 9 години и два месеци во затвор, неговиот брат Горан Смилевски 6 години и 6 месеци, а Борис Минчевски 5 години и два месеци, а за четвртиот помагач Кривичниот суд во Скопје пресуди 5 годишна условна казна. Судот имал лесна задача, бидејќи четворицата обвинети ја признаа вината дека сториле тешка кражба и кривично дело затајување, а за да биде казната повисока, триото во ниту еден момент од судскиот процес не кажа каде се трите милиони евра. Случајот заврши, парите ги нема, адвокатите очекувале пониски казни.

40-годишниот трезорист во НЛБ Тутунска банка, Бобан Смилевски од Драчево го осмилил грабежот, побарал и добил помош од неговиот брат вработен во Народна Банка, а им помогнал пријателот и сосед да ги превезе украдените пари со возил „Голф“. Толку открија истражителите, а јавнотот обвинителство обезбеди докази за да ја докаже вината. Сума во висина од 174 милиони денари, колку што судот пресуди дека првите тројца обвинети ќе треба да вратат на оштетената банка за една година, чијшто претставници денеска за последен пат се соочија со нивиот колега, со надеж дека тој ќе проговори каде се парите. Смилевски еднаш ги спомена парите, и тоа дека ги украл заради долгови и уцени кон него и фамилијата.

Одлуката на судот ја дочекаа и роднините со неверување колку години затвор се пресудени, а единствено задоволен од судот си замина четврто обвинетиот, Мирослав Каевски со 5-годишната условна казна. За овој случај, судењето продолжува за уште 4 вработени во НЛБ Тутунска. 

Павле Беловски

Веста е прочитана 1641 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.