Девојката од туарегот на Диме Спасов, не ни клатела врата, а земала плата

25 September, 2017 - 17:33

Девојката која се возеше со поранешниот министер за труд и социјала, Диме Спасов кога предизвика сообраќајки не одела на работа во Агенција за вработување, иако земала плата. Ова доаѓа откако в.д. директорката на Агенцијата објави дека постои лице кое од 1 февруари до 20 јули минатата година било вработено во центарот за социјала на град Скопје, по тоа било префрлено во централата на агенцијата, а од 25 септември е вработено во ЕЛЕМ, а за кое постои сомнеж дека не се појавувало на работа.

Во писмениот одговор од агенцијата за Телма потврдуваат дека овие податоци се совпаѓаат со идентитетот на девојката совозач во туарегот кој го возеше Спасов. Освен Качулска од Агенцијата потврдуваат дека постои сомнеж за уште тројца вработени дека земале плата а не работеле.

Од Агенцијата велат дека и актуелниот раководител на Секторот за обуки и развој на човечки ресурси, кој сега е на боледување исто така не одел на работа. Според податоците на оваа функција во моментов на ова позиција е висок член на централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Пробиштип.

Од него, од девојката, но и останатите двајца Агенцијата сега ќе бара да ги вратат парите. Ќе поднесе и кривични пријави, но ќе бара утврдување вина и за одговорните раководителката на Центарот за вработување – Скопје и поранешниот директор на Агенцијата за вработување.

Билјана Николовска

Веста е прочитана 22787 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.