ДИК одлучува по приговорите од вториот круг од локалните избори

2 November, 2017 - 12:43

Државната изборна комисија денеска на седница ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите поднесени на постапката за гласање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори.

До Државната изборна комисија се поднесени стотина приговори. Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово. Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка.

ДИК, е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив. Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Откако ќе ја прими тужбата, Управниот суд има рок од два дена да одлучи, и неговата одлука е конечна. 

Веста е прочитана 375 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.