ДИК:СДСМ води во Скопје и во 50 општини, ВМРО-ДПМНЕ во девет, ДУИ во 12

16 October, 2017 - 10:22

По вчерашните шести локални избори во Македонија, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 50 општини, и во градот Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ во 9 општини, на ДУИ во 12. Ова се најновите резултатите по обработените 98,22 % од гласовите.

Кандидатот за градоначалник на Скопје на коалицијата предводена од СДСМ Петре Шилегов може да биде избран уште во првиот изборен круг според податоците што досега ги обработи Државната изборна комисија.

Од пребројани 94 % од избирачките места, Шилегов добил 130.000 гласа или нешто над 50 % додека Коце Трајановски освоил 93.000 гласа или безмалку 36% од гласовите. Во текот на денот се очекува да бидат обработени и останатите избирачки места со што ќе се комплетира сликата и ќе се знае дали ќе има втор круг или кандидатот ќе биде избран во првиот. Во Скопје гласале околу 252.000 гласачи со што излезноста е над 60 %.

Веста е прочитана 11900 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.