Дипломатскиот пасош на Мијалков од денес со печат поништено

8 October, 2015 - 16:47

Десет дена рок на важност  имаше дипломатскиот пасош на екс директорот на тајната служба. Патната исправа на Сашо Мијалков од денес е со печат поништено. Ова го потврдуваат од Министерството за надворешни два дена по изјавата на Мијалков дека се откажува од пасошот. 

До министерството за надворешни работи е доставено барање за издавање дипломатски пасош од страна на министерството за внатрешни работи, со цел издавање на нов дипломатски пасош за раководно лице со посебни овластувања. со оглед на повлекувањето на барањето од страна на барателот, истиот е поништен и повеќе не поседува дипломатски пасош.

Ова открива дека МВР барало дипломатски пасош за поранешниот прв разузнавач и тоа како тој да е раководно лице со посебни овласувања. Тој пак после пукањето во Куманово си даде оставка од директор на УБК. Министерот Чавков е без коментар на ова.

За МНР не е скандалозно што издале па поништиле дипломатски пасош со лажни податоци. Не откриваат дали пред да издадат ваков пасош ги проверуваат податоците, ама Мијалков го означиле како експерт. Тој пак преку интернет портал се откажа. Со ова сака на СДСМ да им го одземе и последното оружје за негова дискредитација.

Билјана Николовска

Веста е прочитана 4579 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.