Дивна Пешиќ бара правда за нејзиниот татко, осомничен за педoфилија

15 June, 2017 - 16:24

Македонската олимпијка во стрелаштво и познат уметник Дивна Пешиќ го предводеше протестот за правда за нејзиниот татко Благој Пешиќ, осомничен за полов напад врз дете. Со неа уште стотина кавадарчани застанаа во одбрана на 67 годишниот тренер по стрелаштво кој веќе два и пол месеци се наоѓа во притвор. Бараат да биде ослободен од Шутка и ставен во домашен притвор поради лошата здравствена состојба во која се наоѓа.

Во невиноста на Пешиќ веруваат и неговите колеги и ученици. Тврдат дека физичките контакти кои се споменати во делото се дел од тренингот.

Инаку според МВР на 29 март тринаесетгодишна ученичка од Кавадарци пријавила полов напад од нејзиниот тренер. Сведочела дека ја допирал по телото, но и ја бакналувал по главата и челото. Велешкото обвинителството се уште нема обвининие, а од таму за Телма велат дека се уште собираат докази преложени токму од одбраната.

Во меѓувреме семејството Пешиќ со 216 илјади евра гарантирало дека осомничениот нема да бега ама судија на претходна постапка ја отфрли оваа понуда.

Билјана Николовска

Веста е прочитана 41665 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.