Доделени наградите од летното финално коло од наградната игра „70 години Мапетрол“

27 September, 2017 - 14:29

По повод 70 годишнината на Макпетрол АД и прославувањето на 70 години соработка со потрошувачите, компанијата креираше голема наградна игра која започна на 1 март и ќе трае до 15 декември.

Денеска во продажно-сервисниот салон на Хонда беа доделени наградите од летното финално коло од јубилејната наградна игра „70 години Мапетрол“.

На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.

„Бројот на членовите на Верна програмата за лојалност и посетеноста на нашите продажни објекти, се доказ за квалитетот на нашите производи и доказ за довербата на корисниците кон нашата компанијата. Затоа Макпетрол, лидер во областа на енергетиката на македонскиот пазар, секогаш води особена грижа за своите потрошувачи“, изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

„Сите корисници на ВЕРНА картичките за лојалност се потенцијални учесници во наградната игра. Во наградната игра учествуваат сите трансакции на учесниците кои при секое поединечно плаќање ќе впишат најмалку 10 или повеќе бодови на својата ВЕРНА картичка. Наградната игра се спроведува по принципот една квалификувана трансакција - една шанса за извлекување“, потенцираа од Макпетрол АД.

На настанот се доделија два лаптопи Dell, скутер Honda и Honda CRV. 

Веста е прочитана 430 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.