Долгот во културата од 39 милиони евра не е конечен

19 July, 2017 - 16:36

Телма побара одговори од ресорот Култура, во кои институции и како е направен долгот од 39 милиони евра, соопштен од министерот за финансии Драган Тевдовски, на стартот на ребалансот на буџетот. Како ќе се покрива тој долг и дали поради него , одредени започнати проекти во културата ќе бидат запрени или ќе добијат помала финансиска подршка?

Но на овие прашања, од министерството само кусо одговараат:

-„Не можеме да излеземе со целосно непроверени и непотврдени информации , додека трае ребалансот на буџетот. Таа сума не е конечна зашто во неа не се внесени и евентуалните долгови што ќе бидат дополнително утврдени со инспекциските надзори на институциите од културата, што веќе се направени или ќе бидат направени на терен, во периодот што доаѓа“, соопштија од Министерство за култура на РМ.

Од Министерството дополнуваат дека откако  ќе се утврди комплетното работење во сите институции од културата, ќе излезат со официјални бројки за долгот направен од претходната власт. Според министерот за финансии Тевдовски, со ребалансот на буџетот ќе се скратат вкупно 47 милиони евра, пред се, поради доспеаните долгови направени од претходната власт.

Освен во културата, министерот посочи и долг на МВР, тежок 6, 9 милиони евра.

Сотир Трајков

Веста е прочитана 2037 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.