ДУИ повторно побара меѓународни експерт за истрага на „Диво насеље“

2 November, 2017 - 15:55

ДУИ денеска по објавување на пресудата за обвинетите во случајот „Диво насеље“, излезе со соопштение во кое повторно побара клучување на меѓународни експерти во сеопфатната истрага за обелоденување на сите нејаснотии за случајот Куманово.

Според ДУИ, судскиот процес и доказите на површина изнеле дилеми околу организаторите и мотивите на овој случај, и поради тоа треба да се дознаат целата вистина.

Дел од доказите и материјалите со кои граѓаните имаа можност да бидат запознаени преку медиумите алудираат на наводна вмешаност и на официјални претставници на највисоките државни институции во комуникација со протагонистите на настанот“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Од партијата бараат МВР и органите на владеењето на правото да вклучат меѓународни експерти во истрагата за случајот и да воспостават комуникација и соработка и со властите на Косово и Албанија со цел размена на информации кон целосно расветлување на случајот.

Веста е прочитана 422 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.