Џејн Фонда призна дека многу жали што не била подобар родител

6 June, 2016 - 12:05

Mногу жалам што не бев подобар родител. Трeбаше со децата  да  поминувам повеќе време. Но, никој не е совршен, изјави актерката Џејн Фонда.

Таа додаде дека имала среќа што поранешните сопрузи биле добри родители.

Актерката од двата брака има три деца, кои, како што вели таа, биле одгледувани од страна на нивните татковци.

- Сега го надополнувам времето со децата, рече таа.

Актерката неодамна рече дека влегува во нова фаза во нејзиниот живот и кариера, и оти ја прегрнала и својата возраст. Таа додава дека не е горда на пластичните операции кои ги направила. 

 

Веста е прочитана 264 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.