Џони Деп не смее да контактира со сопругата Ембер Херд

28 May, 2016 - 14:24

Судот во Лос Анџелес му забрани на актерот Џони Деп да се доближи до неговата сопруга Ембер Херд откако таа го обвини дека повеќе пати ја удрил.

Деп не смее да контактира со Херд до судското сослушување закажано за 17 јуни.

Херд тврди дека Деп фрлил со мобилен телефон по неа за време на караницата и и го повредил лицето. Таа приложи и фотографии од повредите.

Херд пред два дена поднесе и барање за развод поради „ненадминливи разлики“.

Холивудската двојка во брак е 15 месеци, а немаат потпишано предбрачен договор. 

Веста е прочитана 332 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.