Еден месец забрана за работа на агенцијата која измами група студенти

17 July, 2017 - 19:37

Еден месец забрана за работа на агенцијата која измами група студенти за работа во Германија. Филијалата на Венера Камиловски во Битола е казнета од Државниот инспекторат за труд, кој најави дека ќе поднесе и прекршочна пријава.

Во соопштението од инспекторатот само кусо известуваат дека на 5-ти и 14-ти овој месец биле во вонредна инспекција, откако студентите се пожалиле дека се излажани, но не откриваат дали имало инспекции и во останатите филијали.

Венера Камиловски има простории во три градови, Скопје, Битола и Штип и преку сите посредува за работа во Германија, а студенти најголем дел од Скопје, се пожалија дека наместо веќе да се на работа во бутиците на Зара, пола лето го поминаа дома иако претходно им било речено дека ја добиле работата. Сега ниту од Министерството за труд, ниту од инспекцијата не откриваат дали и останатите филијали биле под надзор на инспекторатот.

Инаку студентите плаќале по 2.000 денари за интеврју и 250 евра за трошоци, а парите ги давале на рака. Се пожалија дека откако пропаднал обидот тие да заминат во Германија, на дел им биле вратени парите, но не на сите.

Од Агенцијата „Венера Камиловски“  со денови одбиваат да ги коментираат обвинувањата, со образложение дека се премногу зафатени и дека најважни во моментот им се апликациите од студентите.

Бијлана Николовска

Веста е прочитана 2081 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.