Еден телефонски повик им ја расипал коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со ДУИ

15 April, 2017 - 15:38

Ако СДСМ и албанските партии создадат влада без мандат ќе имаме две влади една техничка и една нелегитимна. Ова е само еден од одговорите на претседателот Ѓорѓе Иванов во интервјуто за австрискиот весник Винер Цајтунг. За него така кризата ќе се продлабочи уште повеќе.

- Тоа е само желба. Тоа е правно неиздржано. Таква влада нема да има легитимитет. Ова јасно е наведено во нашиот Устав. Во таков случај би имало две влади. Актуелната, која е техничка влада, и влада која што е без легитимност од претседателот, односно без уставна основа. Значи ќе влеземе во уште поголема криза, вели Иванов. 

За политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, Иванов заборава дека собранието е тоа кое формира влада, мандатот не е предуслов, владите легитимитетот го црпат од изборот на граѓаните, а легалитетот пак зависи од народните претставници. Во овој момент легитимитето на оваа влада е ставен во прашање оти таа е техничка, формирана само за спроведување на изборите вели Муслиу.

Ѓорѓе Иванов и во интервјуто повторува дека секогаш во земјава мандатот го добивала партијата која освоила најмногу пратенички места, како што во случајов била ВМРО ДПМНЕ. Тој тврди дека има информации дека оваа партија договорила Влада со Дуи ама еден телефонски повик ја расипал работата. Запрашан кој се јавил, тој не одговара. 

„ВМРО-ДПМНЕ не успеа да коалицира со партиите на македонските Албанци, во предвидениот рок од 20 дена, согласно Уставот. Да бидам попрецизен, коалицијата всушност беше договорена. Но, во последниот час имаше телефонски повик и коалицијата се распадна. „Вие сте новинар. Вие можете да истражите кој се јавил“.

Иванов е дециден на Заев не му го дава мандатот оти според него игра перфидна игра. Го обвини дека не е дозреан за улогата која му ја дале, го прецениле а и сам се преценил. Вели дека заев сака само да дојде на власт за да не заврши в затвор. Запрашан дал исе заканува тој негира но додава дека ќе биде интересно кога македонските институции во даден момент ќе постапат против Заев и ќе го отворат прашањето кој му ги доставил прислушкуваните разговори.

 

Билјана Николовска

Веста е прочитана 13175 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.