ЕЛЕМ го објави тендерот тежок 46 милиони евра за топлификација на Битола

19 June, 2017 - 12:48

ЕЛЕМ денеска го објави тендерот за топлификација на битолскиот регион, вреден 46,3  милиони евра од кои 39 милиони се кредит од германската КХВ банка. Тендерот е објавен на германска веб страна ГТАИ, како и во три дневни весници во земјава. ЕЛЕМ го објави овој тендер и покрај барањето на вицепремиерто за економски прашања Кочо Анѓушев, веднаш да бидат стопирани тие процедури, бидејќи владата смета дека постапката за објавување на јавни повици треба да биде одобрена од неа, иако се согласува дека треба да се реализираат проекти со кои ќе се подобри животот на граѓаните. Директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски, и покрај тоа што се очекува назначување на нов директор на оваа државна компанија, неодамна изјави дека не гледа ништо спорно што во овој период се отвораат вакви капитални објекти.

 

Веста е прочитана 801 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.