Ердоган: Турските власти ќе го бојкотираат американскиот амбасадор во Анкара

10 October, 2017 - 15:52

Турските власти ќе го бојкотираат амбасадорот на САД во Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во момент кога односите меѓу Анкара и Вашингтон се сериозно тензични.

„Ние не го сметаме веќе како претставник на САД во Турција“, истакна Ердоган за време на неговата посета на Белград.

Турскиот претседател додаде дека американскиот амбасадор Џон Бас нема да биде примен од турската Влада пред неговото заминување од Анкара во текот на следните денови, по што ќе замине во Кабул.

Американската амбасада во Анкара во неделата соопшти дека времено ги прекинува сите неимиграциски визни услуги поради апсењето на службеник од американскиот Конзулат во Истанбул минатата недела. Турските дипломатски служби во САД, исто така, го прекинаа издавањето на визи за американските државјани како реципрочна мерка.

Веста е прочитана 730 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.