Ерик Клептон продаде една од своите гитари за да му помогне на пријател

27 July, 2016 - 11:01

Британскиот пејач и гитарист Ерик Клептон на аукција продаде една од своите гитари за сума од 45.000 долари, за да му помогне на еден пријател да ги подмири сметките за лекување на неговата покојна сопруга, која почина од леукемија, соопшти аукциската куќа „Херитиџ Аукшан“ од Далас.

Гитарата „Фендер Стратокастер“ на аукција постигна двојно повисока цена од почетната.

Гитарата е изработен во 2014 година специјално за Клептон, кој на неа свирел на концертите во текот на годината.

Купувачот побарал да остане анонимен.

Приходите од продажбата се наменети за подмирување на сметките за лекување на починатата сопруга на пријателот на Клептон, Џони Николас од групата „Аслип ат д вил“l. Сопругата на Николас се лекуваше од леукепија, но ја загуби битката со болеста.

 

Веста е прочитана 416 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.