ЕУ и САД треба да ја соопштат проценката за одржување на изборите

21 February, 2016 - 09:34

На барање на некои од лидерите на политичкуите партии, проценката на ЕУ и САД за тоа дали се исполнети условите за одржување на изборите на 24 април, ќе биде соопштена денеска.

-На барање на партиските лидери го одложуваме на уште еден ден објавувањето на  писмото за подготовката на изборите - беше краткиот став со кој од Делегацијата на ЕУ го одложи објавувањето на оценката, кое беше најавено за вчера.

Сепак, време за долги преговори нема, бидејќи во вторник по полноќ, Собранието формално ќе биде распуштено, па затоа, какао што се тврди сега напорите се консензус за евентуално нов договор да се постригне до утре, кога ќе биде објавен и извештајот САД  - ЕУ. Во него како што се навестува, Брисел и Вашингтон нема да сугерираат кога би се одржале изборите, туку само ќе иснесат оценка дека сите услови не се доволно исполнети, а конечната одлука дали ќе има избори на 24 април, или тие би се одложиле, при што како нов датум се споменува 5 јуни, ќе им ја препуштат на лидерите на четирите најголеми партии.   

 

Веста е прочитана 153 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.