ЕУ ќе ни помага стечаите да не завршуваат секогаш со клуч на врата

25 September, 2017 - 16:47

Мачни стечајни постапки и работници кои и по долготрајната агонија, на крајот сепак го губат работното место. Таква е со години наназад сликата на македонските стечаи. Експертите сметаат дека неефикасните институции се една од причините тие главно да завршуваат како губитнички приказни.

„Ако ги видиме сите административни бариери кои се поставени во стечајните постапки, кои траат и до 600 дена, а често и самите институции се виновни што има премногу процедури и за неажурноста и неефикаснсоат на стечаите, иако причина се и некои законски непотрепени работи“, вели аналитичарот Фатмир Битичи.

Стечајните управници досега неамаа ни желба, а ни визија како да ја спасат фирмата што им е доверена.

„Мое мислење е дека стечајните управници беа администратори кои добиваа плата за неправење ништо, имаше случаи кога намерно ги одолговлекуваа стечајните постапки, бидејќи за нив таксиметарот си врти“, вели Битичи.

Европската унија е решена да и помогне на земјава да ги подобри законите, обезбедена е и финансиска помош, а главната цел е компаниите кои влегле во стечај да не мора да се затворат по секоја цена, туку да се реструктуиратаат и да се спасат работните места. Евроамбасадорот Жбогар на конференцијата на која учсетвуваа сите засегнати во стечајните постапки, рече дека и во ЕУ секојдневно преку 600 компнии банкротираат, а половина од сите бизниси во ЕУ не успеваат да ги преживеат првите пет години од нивното постоење.

„Мерките што ги престави неодамна Владата за економски раст предвидуваат и помош за реструктуирање компании  наместо нивна ликвидација. Тоа е во согласност со помошта која ЕУ и ја даде на земјава и ни дава доверба дека ќе имаме вистински реформи за раст и зачувување на работните места“, рече Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија. 

„Ќе настојуваме Македонија да ги следи и овие, но и европските насоки за зголемување на свеста за значењето  на раното предупредување и навременото започнување на реструктуирањето за надминување на инсолвентноста и спасување на работните места, за зачувување на вредноста на имотот, а со тоа и на иднината на компаниите“, нагласи Бектеши, министер за економија. 

Експертите, пак, не се убедени дека во земјава има соодветна клима и бизнис култура за успешен крај на стечајните приказни, а укажуваат дека и Владата може да помогне ако почне сериозно да се раздолжува кон стопанството.

Нина Нинеска-Фиданоска

Веста е прочитана 1055 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.