Европските експерти предводени од Рајнхард Прибе повторно се во Македонија

17 July, 2017 - 16:06

Европските експерти предводени од Рајнхард Прибе повторно се во Македонија, по што треба да подготват детален извештај и препораки за реформи во правосудството, владеење на правото и медиумите.

Прибе и петмината експерти кои ги ангажираше Европската Комисија во следните 10 дена ќе имаат бројни средби во министерствата за правда и внатрешни работи заради реформите во разузнавачките служби, со Судскиот совет и Советот на Обвинители, Антикорупциската комисија, како и Агенцијата за медиуми.

Пред да си заминат идната недела тие ќе имаат координативен состанок во Секретаријатот за евроинтеграции каде што ќе ги презентираат првичните пртепораки и ќе ги усогласуваат со Планот 369 на Владата. Извори од Владата брифираат дека овој пат Македонија од Прибе ќе добие многу подетални препораки затоа што сега и Брисел има поголеми очекувања.

Веста е прочитана 1256 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.