Филип Секуловски е убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев

17 November, 2017 - 16:10

Полицијата го осомничи и го бара 25-годишниот Филип Секуловски викан Кобра за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев. По две седмици молк и сеопфатна истрага МВР денеска без колебање го соопшти убиецот. Пукал сам и пред околните камери од видео надзорот. Против Секуловски има докази за кривична пријава, а каква, МВР се уште не кажува.

Идентитот на Секуловски се споменува во јавноста веднаш по грозоморната ликвидација. Тој е бегалец од К.П.Д. Издризово. Управата за санкции ден пред убиството на 2 Ноември му одобрила слободен викенд, оттогаш му се губи секаква трага.

„Филип Секуловски е лице осудено на 1 година и 10 месеци по член 215 од ЗКП за трговија со дрога. Казната му истекува во јуни 2018 година. Добил привилегија викенд отсуство бидејќи немало никакви забелешки на негово однесување во Шутка. Пуштен е дената кога е извршено увбиството а требало да се врати во понеделник“.

Секуловски не се врати во понеделникот, бидејќи според полицијата на 3 ноември , петок, дошол пред зградата на поранешниот фудбалер Мартин Јанушев и со пет истрели го усмртил на плочникот, бегајќи во непознат правец. Дали убиецот имал помагачи, и дали ликвидацијата е нарачка како што се говори во јавноста, Спасовски не открива детали за јавноста.

На социјалните мрежи се појави и натпис од човек кој се претстави како чичко на Секуловски со барање до внукот да се предаде за она што го сторил, а на трето лице му порача да не го злоупотребува и манипулира Филип. Според полицијата засега нема друго лице поврзано со убиството, ниту пак откриваат поврзаност на лица од споменувата агенција за обезбедување „Омерта“. Истрагата засега се води како лично недоразбирање меѓу пукачот Филип Секуловски и убиенот фудбалерМартин Јанушев. 

Павле Беловски

Веста е прочитана 18508 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.