Финансии реагира на известувањето на ИСОС

15 September, 2017 - 11:15

Министерството за финансии реагираше на известувањето на Институтот за сметководители и овластени сметководители во кое се утврдува рок до 30.9.2017 година трговците-поединци и трговските друштва да поднесат барање со придружна документација за добивање лиценца за работа и барање за упис во регистрите на Институтот. Од министерството за финансии во реакцијата наведуваат дека  во Законот за вршење сметководствени работи и Статутот на Институтот не е утврден рок, ниту е даден основ за утврдување рок во кој трговците-поединци и трговските друштва треба да ги поднесат барањата до Институтот. Притоа наведуваат дека Институтот има законска обврска во континуитет да прима и да постапува по поднесените барања.

 

 

 

Веста е прочитана 442 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.