Германските либерал-демократи нема да прифатат принудна за коалиција со Меркел

12 October, 2017 - 12:43

Кристијан Линднер, лидер на германската либерално-демократска партија ФДП, изјави дека тие нема да дозволат да бидат принудени да влезат во новата владејачка коалиција.

Коалицирањето меѓу демо-христијаните на Ангела Меркел, ФДП и Зелената партија се смета како најверојатна комбинација по септемвриските избори, позната уште и како „Јамајка коалиција“, бидејќи боите на овие три партии, црната, жолтата и зелената, се боите на знамето на Јамајка.

- Никој не влегува во преговори со цел тие да пропаднат. Но, исто така никој не може да очекува од нас да дадеме бланко согласност за влез во коалицијата, изјави Линднер во интервју за австрискиот весник Пресе.

Лидерот на ФДП потсети дека неговата партија и гласачите имаат свои ставови, барања и црвени линии, кои честопати се во судир со ставотите на демохристијанските партии ЦДУ и ЦСУ, како и со ставовите на Зелените. На пример, ФДП е строго против идејата за создавање на заеднички европски буџет или издавање на евро-обврзници со кои долговите на банкротираните земји како Грција би се префрлиле на побогатите земји како Германија.

За горливото прашање на имиграцијата, кое го поттикна растот на националистичката партија АфД, Линднер вели дека тој сака да види олеснување на пристапот на добро квалификувани работници до германскиот пазар. Во исто време, за бегалците кои бараат азил во Германија, ФДП бара да се воведат проверки на секои три, пет и 10 години, да се види дали земјите од каде што бегалците дошле се доволно безбедни за да може да се вратат назад. 

Веста е прочитана 181 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.