Ги нема старите уметнички слики од владата

9 June, 2017 - 16:00

Националната галерија на Mакедонија испрати барање до новата власт да влезе во реновираниот владин објект и да направи попис на 26 нивни дела. Како што велат од галеријата, ако добијат дозвола, тоа ќе биде првпат по 18 години, откако и позајмиле дела на владата и не им било дозволено да направат увид во нивната состојба и евентуални оштетувања. Целата ситуација дополнително ја подгрева неофицијалната информација до која дојде тимот на „Tоп темa на ваша страна“ дека во 2014 од владата исчезнало делото на  Петар Мазев, во сопственост на Нациоалната галерија. Од службата за општи и заеднички работи при владата велат дека ќе ја проверат ситуацијата и ќе одговорат следната недела. 

Веста е прочитана 4310 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.