Гласањето во СБ на ОН беше „оркестриранo шоу“, обвинува Русија

25 October, 2017 - 10:51

Гласањето во Советот за безбедност на ОН за продолжување на мандатот на Комисијата што ја води истрагата за наводниот напад за хемиско оружје во Сирија беше „наместено шоу“, изјави постојаниот руски пратеник во ОН, Василиј Небензја, откако  Русија го искористи своето право на вето. 

На гласањто во Советот на безбедност за продолжување на мандатот на истражното тело, познато како Заеднички истражен механизам (ЈИМ), за истрагата за користење на хемиско оружје за време на граѓанската војна во Сирија, Кина и Казахстан беа воздржани, додека Русија и Боливија го искористија правото на вето и со тоа го спречија продолжувањето на мандатот на Комисијата. 

Портпаролката на Белата куќа, Хедер Ноерт истакна дека САД се „многу сме разочарани“ од одлуката на Русија да го искористи правото на вето во СБ на ОН.

- Забавно е да се види голем број делегации, не само една, како се подготвуваат да изнесат осуда на сметка на одредени земји поради употреба на вето. Дали тие знаеа од претходно дека денеска ќе го искористиме правото на вето? Тоа само потврдува дека она за што сведочевме денеска беше „наместено шоу“. кое има само една цел „една земја да ја стави на столбот на срамот“, нагласи Небензја. 

Тој истакна дека жали поради тоа што креаторите на резолуцијата „одбрале пат на конфронтација и контроверзии во Советот за безбедност“. 

Но сепак, како што посочи тој, очигледно е дека оние кои бараа да се одржи оваа седница, знаеле претходно каква ситуација ќе биде создадена и „дека нивните цели се целосно различни од она што го тврдат во нивните говори“. 

Рускиот дипломат нагласи дека гласањето било „надвор од паметот“, бидејќи на ниту еден начин не влијаело на иднината на мисијата. 

Небензја го повика Советот за  безбедност да го почека конечниот извештај од мисијата на ОН што ќе биде подготвен на 26 октомври, каде, како што се очекува, ќе бидат наведе заклучоци кои се однесуваат на хемиската несреќа што се случи на 4 април во сирискиот град Кан Шеикун. 

- Ние повторно ќе го покренеме прашањето за продолжување на мандатот на ЈИМ откако ќе го поднесат извештајот и кога истиот ќе биде детално проучен во Советот за безбедност на ОН. Ќе видиме како би требало да изгледа мандатот на ЈИМ, со цел да овозможиме непристрасна и професионална работа, како и да избегнеме такви седници во иднина, истакна постојаниот руски претставник во ОН.

Тој повтори дека Русија се посветува во истрагата за секој хемиски инцидент во Сирија и верува дека оние кои се одоговорни за нив мора да бидат изведени пред лицето на правдата. 

- Всушност, тоа е она што ние се обидуваме да го постигнеме, посочи Небензја. 

Истрагата на ОН и на Организацијата за забрана на хемиско оружје - позната како Заеднички истражен механизам - беше едногласно формирана од 15-члениот Совет за безбедност на ОН во 2015 година и обновена во 2016 година за уште една година. 

Веста е прочитана 837 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.