„Гласно“: Не се почитува законот за минимална плата

4 November, 2017 - 17:50

Шест компании од источниот регион ги немаат исполнето условите за исплата на минималната плата, покажа анкетата на здружението „Гласно“, кое во текот на минатиот месец направи истражување во вкупно 25 фабрики, а се анкетирани околу 2.700 работници. Горан Трајков од здружението Гласно, но и првиот регионален синдикалец забележува дека веќе сме и сведоци за првите малверзации кои се прават со исплатата на минималната плата.

-  Тоа е уште едно кривично дело, ги поттикнуваме вработените кои што враќаат пари во текстилната и кожарската индустрија да не контактираат за да можеме да преземеме и процесуираме барање за кривична одговорност за враќање на средства од своите плати завршува на 51 секунда, вели Горан Трајков од „Гласно“.

Во само две фабрики, каде што е направено истражувањето  има синдикална организација. 60 % од компаниите за време на државни празници не работат, додека на остантите им е ускратено тоа право. Трајков забележува дека на работниците им е потребна едукација и обука за да ги знаат своите работнички права

Битно е дека работниците се уште неможат да го разберат делот од минималната плата што значи договорот за нормата, нормираниот учинок помеѓу вработениот и работодавецот, дека тие треба да се договорат за нормираниот учинок. Но, морате да имате во предвид дека работниците не се баш во положба да можат да преговараат за нормата. Затоа треба да има посебни тела. Значи тука е синдикатот, работодавачите, тука е трипартитниот дел Владата, каде што мора да се уредуваат по гранки на дејности и индустрија , вели Трајков. 

Барањата на здруженијата и на синдикатите е измени на лошиот законот за работни односи. Додека пак работодавците во моментов за почитување на исплатата на минимална плата бараат замзрнување на придонесите за платите кои се до 18.000 денари, со цел компаниите да го испочитуваат новиот закон за минимална плата.

 

Викторија Јованова

Веста е прочитана 1005 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.