Граѓаните нема да поднесуваат годишни даночни пријави

10 November, 2017 - 10:46

На синоќешната владина седница беше разгледано и дополнувањето на Законот за персонален данок на доход, со кој се предвидува граѓаните да немаат обврска да поднесуваат до Управата за јавни приходи годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи.

Според предлог-законот, наместо граѓаните тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата.

Годишна даночна пријава граѓаните ја поднесуваат за остварени дополнителни приходи во годината што изминува, а пријавата се поднесува најдоцна до 15 март во тековната година. Обврска за поднесување годишна даночна пријава имаа граѓаните кои покрај платата или пензијата, оствариле приходи како на пример по основ на закуп, авторски договори и други слични примања.

Веста е прочитана 1825 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.