Граѓанскиот сектор:Договорот да се спроведе

29 October, 2015 - 16:46

Политичкиот договор мора да се спроведе и да се реализираат итните реформски приоритети.

Граѓанскиот сектор треба активно да биде вклучен во процесот.Во спротивно земјата ќе влезе во длабока криза и ќе доживе фијаско доколку ја изгуби препораката за почеток на преговори со Унијата.

Ова се заклучоците од форумот ,, Договорот е мртов, да живее договорот,, што го организираше Мрежа 23.

Експертите предупредуваат, ситуацијата е тешка,лоша и алармантна. Се избегнуваат преземените обрски, меѓународната заедница не се почитува, простор за маневар нема.

Учесниците на форумот ги повикаа лидерите на политичките партии да ги надминат суетите и при одлучувањето да с ераководат од државните а не од партиски интереси.

Јулијана Пешевска

 

Веста е прочитана 286 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.